Во рамки на ЕУ проектот ИноПлатформа, Центарот за Управување со Знаење организира информативен ден наменет за менаџерите на малите и средни претпријатија, консултантите, како и претставници на организациите кои ја поддржуваат конкурентноста на претпријатијата (акцелератори, инкубатори, стопански комори).
Целта на работилницата е да го зајакне знаењето и вештините за успешно воведување на иновации во претпријатијата преку користењето на пет ИноАлатки развиени во рамки на проектот: ИноМодел, ИноСтратегија, ИноПартнери, ИноФинансии и ИноПроект.
Четвртата работилница ќе се оддржи во Штип, на 7-ми мај, 2019. Вашето учество можете да го регистрирате на горниот линк. Работилницата ќе опфати 25 учесници, но во исто време ќе биде емитувана во живо на Фејсбук каналот на проектот Инноплатформа.
ИноПлатформа е проект ко-финансиран од ЕУ во рамки на Транснационалната програма Interreg BalkanMed. Проектот се спроведува од 2017-та до 2019-та година од страна на конзортсиум од 6 проектни партнери од 5 земји на Балканско медитеранската област.
Лидер на проектот е Центарот за Управување со Знаење, истражувачки центар формиран во 2008-ма година, со цел да ги зајакне и подобри процесите на управување со знаење во сите општествени области во земјата и регионот. Центарот покрива широка палета на активности која се спроведува во соработка со граѓанскиот сектор, државните институции и деловната заедница. Визијата на Центарот е да прерасне во активен учесник во институционалниот и економскиот развој на земјата и регионот.
Презентација на Иноплатформата – Веб услугите и Иноалатките, Примери и студии на случаи во Македонија
Како со Иноалатките да го подобрите процесот на воведување и финансирање на иновации во вашата компанија? - Иноалатките како одлична алатка за подготовка на успешни апликации за Фонодот за Иновации.